Охриѓаните Александар Бакулески и Христијан Димоски од Охрид Лоте, како и стружните Димитар Карамачоски и Игор Клечкароски од Охрид `04 се најдоа на поширокиот список со 26 кандидати на селекторот Мите Митев , кои првата контрола ќе ја имаат во Пробиштип и тоа од 24 до 27 август.

Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија во септември во Струмица и Турново ќе биде домаќин на Северна Ирска, Естонија и на Шведска во група од Купот на региони на УЕФА. Ова ќе биде второ учество на македонските аматери на ова натпреварување, откако лани воопшто не се прославија во Сан Марино.

 

На квалификациите стрелец на единствениот погодок за аматерската репрзентација беше Клечкароски. Во првиот натпревар Македонија беше поразена од Унгарија со 2-0, додека во вториот ремизираше против Сан Марино со 1-1.


М.П.