Во инцидентот што рано утрово околу 3 часот се случил на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, повредени се двајца вработени во аеродромското обезбедување. Тие се обиделе да му помогнат на патник кој бил нападнат од поголема група луѓе по караницата што настанала заради повеќе продадени билети од капацитетот на авионот кој се обраќал на релација Охрид-Цирих.

Според првичните, штури информации, еден од обезбедувачите со  повреди на главата и телото бил пренесен во општата бволница каде му била укажана помош. Вториот припадник на обезбедувањето се здобил со повреда на ногата и се наоѓа на домашно лекување.

Неофицијално, напаѓачите биле албанци од струшко кои на аеродромот испраќале блиски за Цирих. Полицијата идентификувала еден од напаѓачите, а по останатите, кои веднаш по инцидентот ја напуштиле аеродромската зграда, се трага.

Ohridnews