Никола Марковски и Дејан Пецаковски се нови ракометари во составот на Металург за следната сезона.


По рускиот бек Павел Атман хрватскиот стратег Лино Червар во својот мозаик додаде двајца ракометари со македонско потекло.

Никола, кој е брат на староседелецот Велко игра на пикерската позиција додека 27 годишниот Пецаковски поседува бековски квалитети.

После овие засилување управата на Металург заедно со Червар ќе разговораат со Наумче Мојсоски и Дарко Станиќ кои се на излезна врата од клубот.

Мх.П.