Двајца затвореници од затвор во југоисточно Мексико се распнале на крст неколку дена пред Велигден сакајќи да изразат негодување поради тоа што биле измачувани за да ги признаат злосторствата кои наводно ги направиле. Затворениците се распнале на дрвени крстови кои ги направиле во столарската работилница. Во рацете си забиле клинци и останале распнати цел ден.
На крајот од денот нивните цимери ги тргнале од крстовите. Цимерите исто така биле учесници во протестите против управата од затворот Ел Амате. Тие бараат повторно разгледување на нивните случаи и обрнуваат внимание на редовните измачувања кои се спроведуваат во затворот.