Иако никогаш не се сретнале, Жером и Ален-Марсел официјално се венчани уште од 1993 година. Овој „геј“ брак би можел да биде закана за хомосексуалните бракови ви Франција, каде за таа тема моментално се води звучна полемика, доколку не стабувало збор за административна грешка.


 Во својата репоратажа телевизијата франс 3 навела дека првиот геј брак во Франција бил склопен уште во 1993 година кога службеникот во општината Клермон, во централна франција, случајно склучил брак помеѓи Жером и Ален-Марсел. Првите шест години тие двајца не знаеле дека се во брак. Дури не се ни познавале. Дека повеќе не е ерген, туку е во брак, и тоа хомосексуален, прв дознал Жером, кога во 1996 дошол во општината по извод од матичната книга на родени.

Жером рекол дека на документот пишувало како е венчана сопруга на некој господин. Барал да се поништи непостоечкиот брак, брак меѓу двајца мажи, кој не бил легален во Франција. Проблемот бил во тоа што не можело да се поништи нешто што не постои. Жером добил потврда дека бракот му е поништен, но во стварност грешката била исправена само во книгата на родени. Тој сеуште добивал покани да излезе на избори со сопругот.