Брачниот пар Илијаз пристигнал во Брисел на 3. ноември на посета кај нивниот син кој долги години живее таму, но не им било дозволено да влезат на белгиска територија бидејќи имале по 1.000 евра, а за престој за двајцата се потребни 2.052 евра или по 38 евра дневно.
Нивната адвокатка Дрита Душај оценила дека барањето на Службата за странци кои сакаат да влезат во Белгија треба да имаат по 38 евра нема никаква правна основа.
„Проблемот на пограничната служба е што овој брачен пар нема повратни авионски билети, што исто така не е регулирано со никакви правни норми“, рече Душај.
извор: „Макфакс“