Двајца Македонци на 15 октомври биле пронајдени мртви на планината во близина на Бреша во Италија, но дури вчера двајцата биле идентификувани, јавуваат италијанските медиуми, пренесува „Макфакс“.

Како што пишуваат италијанските медиуми, станува збор за бизнисмени од Македонија, четириесет и двегодишниот Христо Узунов и четириесет и петгодишната Ерем Салија.

Двајцата македонски државјани наводно дошле во Италија на 13 јуни со авион од Тирана до Милано, а истата вечер резервирале ноќевање во Бреша, каде имале оставено багаж.

Нивните тела на 15 октомври ги пронашол човек кој берел шумски плодови на планината  во близина на Бреша. Меѓу предметите бил пронајден и проект за изградба на трговски центар во Македонија.

Исто така, како што пишуваат локалните медиуми, пронајдена е и сим картичка за мобилен телефон купена во земја во Источна Европа, преку која можело да се открие идентитетот на сопственикот. На нивните тела биле пронајдени рани од куршуми и исекотини кои можно е да се направени со ладно оружје.

Кога полицијата дошла на местото на инцидентот, телата веќе биле во распаѓање, што значи дека двајцата македонски државјани биле мртви подолго време. Од Министерството за надворешни немаат информации за случајот со македонските државјани во Италија.

OhridNews
Извор: „Макфакс“