Двоецот од кошаркарскиот клуб АВ Охрид, Стеван Глигоријевиќ и Драган Узоноски се најде на списокот кошаркари од тренерското трио Мирко Петрески, Дарко Радуловиќ и Драган Миленковиќ за селективниот камп за репрезентативци до 20 години.


Селективниот тренинг ќе се одржи в недела во спортска сала „Кале“ во Скопје, а повикот на двоецот во поширокиот список е награда за охридскиот клуб кој годинава обезбеди опстанок во дебитанската сезона во елитата.


Глигоријевиќ стандардно тренира и ги брани боите во сениорската екиопа, додека Узоноски игра за младинската екипа и настапува за Црн Дрим од Струга.

OhridNews