Двајца гробари се осомничени дека го убиле колегата. Тие се уапсени минатата недела во Баварија, соопшти портпаролот на обвинителството во Ерланген.
Портпаролот рекол дека уапсените се сомничат дека го изгореле телото на нивниот колега во крематориум под лажно име, после расправија за пари.
Во 2005 година еден од гробарите ја продавал својата погребна компанија и се чинело дека нашол купувач за кој подоцна се покажало дека нема доволно пари. После средбата за договорот купувачот исчезнал. Истрагата смета дека дека продавачот и неговиот колега го убиле купувачот и го изгореле телото, за што, ако се докаже, би можеле да добијат доживотен затвор.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com