Им биле потребни 20 години на двајца браќа да направат тркачки болид од разни отпади користејќи делови од стари автомобили, велосипеди, тенџериња…
„Се обидувавме да искористиме се што ќе најдеме“ – рекол Захо.
Нивниот болид кој го нарекле „Brother“, предизвикал големо внимание на саемот на автомобили во Тангшан. Достигнува 160 километри на час, а го направиле во чест на нивниот татко, возач на камион, кој починал пред 32 години.
„Не е проблем да возиш автомобил, но сам да го направиш, тоа е навистина голема работа“ – велел нивниот татко.
Браќата не користеле помош од надвор, се направиле потполно сами.