– Течат преговорите со странските професори кои пројавија желба да бидат ангажирани на новиот универзитет. Некаде околу дваесетина професори во овие околу десетина до петнаесет дена ќе бидат интервјуирани. Од страна на рецензионите комисии кои се формирани од матичната комисија ќе се направат рецензии и сите оние кои што ги исполнуваат условите согласно нашата законска регулатива и согласно меѓународната квалификација што ја поседуваат овие луѓе ќе се изврши изборот на наставниот кадар, изјави викендов во Скопје министерот за образование, Перо Стојаноски.
Дваесетина професори конкурирале за работа на новиот Универзитет во Охрид
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com