Променливото време проследено со силни врнежи од дожд и силен ветер, овој викенд по кејот исфрлија огромно количество отпад. Екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани во неделата за ситуацијата да се среди и да се доведе во нормала. И покрај силното невреме отпадот од пристаништето и кејот беше подигнат и транспортиран во околу 20 тури, информираат од јавното претпријатие.


Дваесет тури отпад од Езерото

OhridNews