Од 23-ти до 31-ви август 2024 година во Охрид ќе се организира второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.

Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија, велат од Општина Охрид.

Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.

Веќе е подготвена детална програма со 20 спортски настани кои верувам дека ќе донесат незаборавно доживување за учесниците и ќе го привлечат вниманието на публиката. Покрај сите традиционални натпревари и настани, круна на целата манифестација ќе биде Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржува на 31-ви август, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Повеќе информации на официјалната веб-страница на фестивалот: www.ohridwaterfestival.mk.

OhridNews