Главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци, изјави дека 20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во овој град. Припадници на спасувачките екипи пребаруваат под урнатините во потрага по преживеани три дена по несреќата во која загинаа 39 луѓе.

Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, изјави дека е тешко да се излезе со конкретна бројка на исчезнати затоа што одреден број од оние што биле пријавени од семејствата можно е да биле туристи и да се стигнати на своите дестинации, но не им се јавиле.

Портпаролката на Противпожарната служба на Џенова, Соња Ноки, рече дека спасувачката акција ќе продолжи сè додека не бидат пронајдени сите што се водат како исчезнати.