Дваесет и три лица ги загубија животите во пожарот кој избувна синоќа во регионот Воронеж во југозападна Русија, кој зафати бараки на невропсихијатриски диспанзер. Покрај загинатите евакуирани биле уште 47 пациенти и 4 лица од медицинскиот персонал кои дежурале. Повредени се 24 луѓе, од кои тројца се во тешка состојба.
Пожарот кој траел четири чада ја уништил целата дрвена зграда на болницата во селото Алферовка, во која во тој момент се наоѓале повеќе од 70 луѓе.
Повеќе од 440 пожарникари и 80 возила го гаснеле пожарот и им помагале на настраданите, стихијата ставена под контрола околу 4 часот утрото по локално време. Засега не се знае причината за пожарот, а се претпостаува дека станува збор за неисправност на електричните инсталации.
OhridNews
извор Макфакс