Дваесет и пет млади ќе земат учество на традиционалниот Илинденски марш од Охрид до Крушево што ќе се одржи по повод одбележувањето на 106-годишнината од Илинденското востание.

Годинава на охриѓани ќе им се придружат и четворица членови на македонското  друштво „Илинден“ од Тирана, информираат од здружението на граѓани „Христо Узунов“. Оваа организација која се грижи за зачувување на македонската историја,традиција и култура и зближување и подигнување на патриотската свест  на младите, годинава маршот го организра по 7 пат, со што се продолжува традицијата востановена на 100-годишнината од Илинденското востание.

Учесниците во маршот пеш ќе минат преку илинденските села:Куратица, Брежани, Илинска Црква, Мало Илино, Железнец, Доленци, Брезово, Зашле, Долно Дивјаци и други. Покровител на маршот е градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески. Тој ќе се обрати на свеченоста пред почетокот на маршот што ќе се одржи на 28.07 2009 год.  во 17 часот во црквата Св.Троица во населбата Радојца  Новичиќ. По тој повод во овој храм ќе се отслужи света литургија, а свеченоста ќе биде збогатена со настап на КУД „Охриѓанка“.

Ohridnews