Илјада дваесет и два нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа од 3127 тестирања, 41 починат, а оздравени се 680 пациенти. Во последното деноноќие во Охрид се регистрирани 28 нови случаи и 11 оздравени. Во денешната статистика евидентирани се 4 смртни случаи од Охрид од вчерашниот и денешниот ден.
Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје 463, по што следат: Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод -5, Пехчево-1, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-36, Ресен-6, Неготино-27.
Од почетокот на пандемијата во Охрид е регистриран 1571 случај на Ковид 19, а во моментов активни се 628.
OhridNews