Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица.
За причините за падот на владиниот „кингер“ со кој патуваше претседателот Трајковски беа изврешени две истраги и објавени два извештаи, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти. И во двата извештаи како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.
Во авионска несреќа заедно со претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загина осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар во која беа: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
OhridNews