На денешен во 1987 во Охрид умре Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите збирки раскази “Пасквелија”, “Нова Пасквелија”, романите “Сребрените снегови”, “Големата вода”, драмите “Кенгурски скок”, “Макавејски празници” и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература.

Живко Чинго е роден во Велгошти, Охридско, на 13 август 1936 година. На овој датум во неговото родно село се организира културната манифестација „Вечер на Чинго“ на која се доделува награда за најдобар расказ на конкурсот што го востанови локалната самоуправа – Охрид. Годинава првата награда ја освои расказот „Будење“ на авторот потпишан под шифрата Осветлувач.

ohridnews