Институтот за јавно здравје регистрира 21 нов случај со КОВИД-19 во последните 24 часа од направени 3358 тестирања. Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар.
Регистрирани сe двајца оздравени од Скопје и нема починати пациенти.
Најмногу активни случаи има Скопје (99), а потоа Тетово со 83, Гостивар 15 и Куманово, Охрид и Кичево по 13.