Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон.
На денешен ден во 2001 година припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони со намера да ги извршат нападу врз симболите на САД. Ден два авиони во рок од 16 минути се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк. Авион на „Американ ерлајнс“ во осум часот и 46 минути (по локално време) удри во Северната кула на комплексот Светски трговски центар. Во девет часот и три минути, исто така авион на „Американ ерлајнс“ удри во Јужната кула на Трговскиот центар.
Кулите на Светскиот трговски центар имаа по 110 ката. Во тоа време тие беа меѓу петте највисоки згради во светот. И двете се урнаа во рок од еден час и 40 минути по ударот. При уривањето, уништени или оштетени се и други околни објекти.
Во девет часот и 37 минути трет авион се урна во зградата на Пентагон во округот Арлингтон, Вирџинија. Тоа беше уште еден авион на „Американ ерлајнс“.
Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија во 10 часот и три минути во поле во близина на Шанксвил, откако патниците ги нападнаа киднаперите. Се претпоставува дека било планирано авионот на „Јунајтед ерлајнс“ да удри во Белата куќа, односно зградата на Конгресот во Вашингтон.
Вкупниот број на жртви беше 2.996, меѓу кои 19 напаѓачи, а 25.000 луѓе беа повредени. Меѓу жртвите имапе 372 странски државјани од 102 земји.
Петнаесет од напаѓачите беа по потекло од Саудиска Арабија, двајца од Обединетите Арапски Емирати, по еден од Либан и од Египет.
Во нападот врз Кулите близначки во Њујорк загинаа 2.606 лица, меѓу кои 147 патници и членови на екипажот на авион. При нападот во Вашингтон загинаа 125 луѓе, од кои 59 лица од авионот. Вкупниот број на жртви во авионот што се урна во поле во населбата Стони Крик, во близина на Шенксвил, Пенсилванија, изнесува 40.
Неколку часа по нападите американски служби објавија дека нападите се извршени од припадници на Ал Каеда. САД потоа презеде акција наречена Војна против тероризмот. Главна цел беше соборувањето на талибанците во Авганистан, базата на Ал Каеда и апсење на нивниот лидер, саудискиот милијардер Осама бин Ладен. Тој беше елиминиран на 2 мај 2011 година во Аботабад, северен Пакистан.
OhridNews