На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакр кај селото Вејце, тетовско, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица паднаа во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени од страна на припадници на УЧК.

Во масакрот кај Вејце беа убиени припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

OhridNews