Студентка од Штип е една од жртвите во налетот на ураганот Ајрин, кој го опустоши источниот брег на САД, предизвикувајќи штета од околу седум милијарди долари, и кој усмрти најмалку 21 лице.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи Борче Стамов за Макфакс го потврди не милиот настан, дополнувајќи дека 20-годишната девојка заедно со уште неколку патници биле пронајдени удавени во автомобил, во сојузната американска држава Њујорк. Точната локација на местото на кое се случила трагичната несреќа не е познато.
Дваесет годишната Македонка во САД престојувала преку програмата за студентска размена „Ворк енд травел“.
Откако бил пронајден автомобилот американските власти веднаш за смртта на девојката ја известиле Амбасадата на Македонија во САД, а тие информацијата ја пренеле до Министерството за надворешни работи.
Од МНР засега не го соопштуваат идентитетот на девојката се додека не биде известено семејството.
“извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com