Охриѓани вечерва почувствуваа серија земјотреси. Првиот беше почувствуван околу 18 часот и 45 минути, додека вториот во 21 часот и 32 минути.

Ohridnews се обиде вечерва да стапи во контакт со сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет  во Скопје, за да се информира за јачината на земјотресот но и за евентуални потреси во текот на ноќта,  но оттаму никој не се јавува на телефонскиот број.

Двата земјотреси се особено почувствувани на повисоките катови од станбените згради.

Во Центарот за управување со кризи немаат добиено никаква информација за земјотресите, најверојатно, поради тоа што таму нема дежурна екипа. Во центарот вечерва се јавиле и неколкумина вознемирени граѓани да се информираат за можни потреси.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј “ е единствената  институција во Репубика Македонија  што врши сеизмолошка служба, според законот за учество на Републиката во финансирањето на сеизмолошката и истражувачко-сеизмолошката дејност. 

А. Ристоска