Два земјотреси кои се случиле еден по друг биле почувствувани вчеравечер во Охрид.

Првиот земјотрес се случил во 22 часот и 39 минути по локално време и бил со јачина од 2,6 степени според Рихтер. Епицентарот на овој потрес бил во битолскиот регин, поточно на 17 километри југозападно од Битола односно 123 километри јужно од Скопје.

Според податоците на http://www.emsc-csem.org во 22 часот и 41 минута по локално време бил почуствуван уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер. Епицентарот на овој потрес е на 31 километар јужно од Битола на територијата на Грција.

Освен вознемиреност кај населението, потресите не предизвикале никакви штети.

OhridNews