Најмалку 22 лица се повредени во судар на патнички и товарен воз што синоќа околу 19.30 часот се случила кај Нови Сад, Република Србија. Меѓу повредените има и пет деца, кои се здобиле со полесни повреди. Сите повредени се хоспитализирани.

Според првичните информации несреќата се случила во лоши временски услови, кога од засега непознати причини патничкиот воз со мала брзина удрил во последниот вагон од товарниот воз.

 

OhridNews
фото: „Блиц“