Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 25.03 до 07.00 часот на 26.03.2020 година, забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус ЦОВИД-19, ја прекршиле две лица, едно во Струга и едно во Кичево.
- Во Охрид околу 20.30 часот и во охридското село Лескоец околу 22.30 часот, два угостителски објекта не ја почитувале забраната за работа и вршеле послужување на гости. Во угостителски објект лоциран на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, по што приведен е сопственикот на објектот. Од страна на Државниот пазарен инспекторат, објектите се затворени и против сопствениците ќе биде поднесена кривична пријава, информира Димоски.
Полициските службеници во Охрид укажаа помош на лице со нарушено здравје кое, од улицата „Питу Гули“ е префрлено во Општата болница. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 дневна самоизолација.
OhridNews