На 30.01.2025 во 14.15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, неколку кучиња скитници нападнале 12 – годишно момче од Кичево.

Момчето со повреди било однесено во Општа болница во Кичево. Таму, му биле констатирани телесни повреди и му била пружена медицинска помош, информираат од СВР Охрид.

На 30.01.2025 во 21.30 часот, 41 годишно лице од Кичево, пријавил случај.

Лицето во надлежна полициска станица пријавил дека на улица „Прилепска“ во Кичево, бил каснат од куче скитник, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews