Два поблаги земјотреси регистрирани се ноќеска и изутрина во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресите потекнуваат на 20 километри северозападно од Скопје и биле со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресите се случиле во 0 часот и 17 минути и 9 часот и 58 минути, а биле почувствувани од жителите на селата Радуша и Рашче и околината, се наведува во соопштението.
Вчера изутрината беа регистрирани серија послаби земјотреси, кои потекнуваа од призренското епицентрално подрачје.
извор: Makfaks