Два првенствени натпревари ќе одиграат ракометарите на ГРК Охрид оваа недела во рамките на 5тото и 6тото коло од машката ракометна Супер лига!

Утре Охрид гостува кај РК Струга, а натпреварот ќе се одигра со почеток во 16:30 часот во спортската сала „Тими“.

Во сабота на домашен терен ја пречекуваат екипата на РК Бисинов, со почеток во 18:30 часот во спортската сала „Билјанини извори“. Каратата за натпреварот е 100 денари.

OhridNews