Два спектакуларни пресврти во последните две кола можеа да видат љубителите на фудбалот на “Билјанини Извори “ во Охрид. Викендов Охрид по 0-1 на полувремето го заврте мечот против Влазними до 2-1, додека во петтото коло по негативата од 1-2, Охрид Лоте го заврте мечот до 3-2. Еве што велат бројките по одиграните 540 минути во шампионатот.


Охрид 2004

1 меч како се најдоа во негатива по првите 45 минути и успеаа со пресврт да го добијат мечот, прв црвен картон на фудбалерите на Охрид.

2 место на табелата.

3 гола на Нически во тековниот шампионат.

4 примени гола во шампионатот, четири жолти картони на мечот со Влазними.

5 кола без пораз, четири победи и едно реми

6 фудбалери ја затресле противничката мрежа. Нически три пати, И. Клечкароски два пати, по еднаш Дејкоски, Китрозоски, Мартиноски, и Д. Клечкароски.

9 постигнати погодоци во досега одиграните шест рунди.

13 бода од можни 18.

220 минути мируваше мрежата на Карамачоски на Билјанини Извори.

2000 гледачи го проследија езерското дерби.

Охрид Лоте

1 авто гол , сопствената мрежа ја затресе Г.Стојаноски.

2 пораз на гостувањата во низа, втор пораз во шампионатот

3 гол на Толески во досегашниот тек од шампионатот

4 пати капитулираше екипата на Охрид Лоте. втор меч во сезоната како примаат четири гола. Претходно Влазерими четири пати ја затресе мрежата на “градежниците“ но тогаш тие славеа со 5-4.

7 фудбалери ја затресле мрежата на противникот , Толески три пати, Димоски, М. Стојаноски по два пати, Трајаноски, Волчески, Стисниоски, А. Стојноски по еднаш

10 освоени бода од можни 18

12 постигнати погодоци, 12 примени погодоци . Го имаат најефикаснито напад, но и втората по слабост одбрана во вторлигашкото друштво.

М.П.