Paderborn-F. Düsseldorf 1 (1.8)

Вечерва се игра 29-то коло во германската Будес лига 2,а наш избор е натпреварот Падерборн-Фортуна и типуваме на домаќинот.

Падерборн се наоѓа на третата позиција и има исто бодови со второ пласираната Гројтер Фурт,а на последните 5 натпревари имаат три победи (Франкфурт 1:3,Ст.Паули 3:0,Дрезден 2:1) еден нерешен натпревар со екипата на Унион Берлин со 1:1 и еден пораз од Карлслуе со 4:0.

Од друга страна пак екипата на Фортуна се наоѓа на 14-та позиција и е надвор од зоната на испаѓање,а на последните 5 натпревари имаат три нерешени натпревари (со екипите на Инголстад и Фракфурт без голови и со Дрезден 1:1) и два порази (Гројтер Фурт 4:1,Ст.Паули 0:2).

Во есенскиот дел натпреварот помеѓу овие две екипи заврши со победа на Падерборн со 1:6,а и традицијата е на страна на Падерборн која на последните 11 одиграни натпревари против Фортуна има 5 победи,5 нерешени натпревари и 1 пораз.

Palermo-Avellino 1 (1.7)

Вечерва се отвара 33-то коло во италјанскта Серија Б,а честа ја имаат екипите на Палермо и Авелино.Наш избор е екипата на Палермо која најверојатно догодина пак ќе ја гледаме во Серија А.

Палермо се наоѓа на првата позиција и на последните 5 натпревари има 4 победи (Варезе и Пескара со 1:2,Бреша 2:0,Јуве Стабија 0:3).

Од друга страна пак екипата на Авелино се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Читадела 1:0,Емполи 0:1),еден нерешен натпревар со Капри со 1:1 и два порази (Сиена 0:1,Бари 1:0).

Во есенскиот дел Авелино беше поразен од екипата на Палермо пред своите навивачи со 0:2,а со евентуална победа,Палермо дефинитивно е во Серија А.

 

Ohridnews