Вчера попладне во 16.45 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид настанал пожар во паркирано моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира СВР Охрид.
Пожар е регистриран и во струшко Долно Татеши, сопственост. Педесетгодишен жител на селото пријавил дека му се запалила плевната. И во овој пожар, за среќа, нема повредени. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Во полицискиот билтен уште се издвојува инцидентот кој се случил вчера во14.00 часот на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на Струга.
Полициски службеници од ОВР Струга привеле 18-годишен жител на струшкото село Радолишта затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
Г.М.