Изминатото деноноќие на територијата на државата имало осум пожари на отворено, два во Охридско, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) согласно податоците од регионалните центри.
РЦУК Охрид ја пренесува информацијата дека Територијалната противпожарна единица Охрид од 17.55 до 19.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева во с.Издеглавје. Во период од 19.30 до 21.45 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева во с.Белчишта, посочуваат од ЦУК.
OhridNews