На 04.02.2025 во 16.36 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во напуштена куќа на улица „7 Ноември“ во Охрид.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, соопшти СВР Охрид.
На 04.02.2025 во 09 часот, на улица „Егејска“ во Охрид настанал пожар во патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишно лице од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 04.02.2025 во 21.20 часот на улица „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 21-годишен жител на Струга кај кој била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
OhridNews