Охридските стрелци бележат два последователни настапи на Државното првенство и вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Двата натпревари се одржаа на стрелиштето во Битолската касарна каде учество зедоа повеќе од 70-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол во јуниорска и сениорска категорија.

Старо-нов државен првак за 2025 год, во категорија на јуниори во дисциплината воздушен пиштол е Климент Мостро од ЖСК„Лихнидос” со резултат од 535 кругови. Во истата категорија Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на третата позиција со резултат од 523 круга, додека неговиот клупски другар Никола Тодороски заврши како четвртопласиран.

Во истата дисциплина кај сениорите Даниел Михајловиќ од ЖСК „Лихнидос” се пласира на третата позиција со резултат од 527 кругови. Неговиот клупски другар Велибор Балоски заврши како шестопласиран со резултат од 518 кругови.

Кај јуниорките на пиштол одличен камбек на Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ која со резултат од 533 круга се пласира на вицешампионската позиција. За јуниорките од ЖСК „Лихнидос” Наталија Савеска, Милица Кочоска и Ана Мостро припаднаа четвртата, петтата односно шестата позиција.

Кај јуниорите на пушка нема пласман меѓу првите тројца пласирани од охридските клубови. Така да Кристијан Балоски од СК „Охрид“ се пласира на 5-тата позиција со резултат од 596,9 кругови. И кај сениорките на пушка нема пласман на пиедесталот, па Ива Маленко од СК „Охрид“ мораше да се задоволи со 4-тата позиција и резултат од 581,5 кругови. И кај јуниорките нема пласман на првите три позиции. Теодора Спироска беше седмо пласирана, Драгана Локоска 9-та, Ирина Кусева на десеттата позиција, Деа Стојаноскана 13-тата и Тамара Кичеец на 14-тата позиција.

На вториот Куп, пак, што се одржа изминатиов викенд нема некој позначајни поместувања. Климент Мостро е повторно на првата позиција, но, со значителен пад на резултатот од 524 кругови. И кај Иван Милевски значителен резултатски пад од 503 кругови, кој сепак беше доволен за пласман на втората позиција. И за Никола Тодороски пласман на третата позиција иако со мног низок резултат. Кај сениорите на пиштол на петата позиција се пласира Светлан Седмаков со резултат од 515 круга, а веднаш зад него Даниел Михајловиќ со резултат од 512 круга. Третиот член од екипата на ЖСК „Лихнидос“-Велибор Балоски ја зазеде седмата позиција со резултат од 503 круга.

Серијата од добри настапи продолжи и за Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“. Таа со резултат од 535 круга ја зазеде вицешампионската позиција. Милица Кочоска од ЖСК „Лихнидос“, Наталија Савеска како и Ана Мостро од истиот клуб се пласираа на 5-тата, 6-тата и седмата позиција во категорија на јуниорки- дисциплина воздушна пушка.

Кај јуниорите на пушка повторно нема пласман меѓу првите тројца пласирани од охридските клубови. Кристијан Балоски од СК „Охрид“ се пласира на 6-тата позиција со огромен пад во резултат во однос на претходниот од 585,0 кругови. И кај јуниорките на пушка истото сценарио од претходно: пласман на 8-мата односно деветата позиција за Теодора Спироска и Драгана Локоска со резултати од 582,0 кругови и 557,8 кругови.

Охридските стрелци се подготвуваат за Меѓународниот турнир во Сандански кој треба да се одржи кон средината на наредниот месец, но и веќе започнуваат интензивни подготовки за Младискиот олимписки феставал на кој за првпат ќе биде застапено стрелаштвото како дисциплина, а домаќин на ова спектакуларно спортско збиднување кое треба да се одржи од 19 до 27 јули ќе биде градот Скопје.

OhridNews