Два порази во еден ден претрпе женската репрезентација на Македонија во ракомет на песок.

По поразот од Уругвај (2:1),Македонија со 2:0(14:10,12:11) загуби и од селекцијата на Русија.

Двојанпрограма и утре за избраничките тренер – играчот Валентина Радуловиќ.

Од 11:30 часот противник е селекцијата на Хрватска, а во вечерниот термин од 19:30 часот Шпанија.

М.П.