Градот Охрид и Охридското Езеро, заедно со Пливачката федерацијата на Северна Македонија (ПФСМ) и Комитетот за далечинско пливање, во втората половина од агвуст месец ќе бидат домаќини на две финални трки во светското пливање. На 22 август, во охридските води ќе се одржи Ултра маратонот на 25 километри, на 30 август на програмата ќе биде 10-километарската трка од светската серија додека одложена е ЛЕН трката на 10 километри поради пандемијата на коронавирусот и мерките од европската и светската пливачка федедерација.

Пред одреден период, имавме разговор со челниците од ФИНА, во кој бевме запрашани каков е нашиот став околу одржувањето на трките во Охрид. Ние одоговоривме позитивно. Во Охрид повторно ќе дојде светската пливачка елита. Трката ЛЕН на 10 километри под капата на европската федерација ни пропадна, но остануваат маратонот на 25 километри и 10-километарската трка од светската серија. – изјави претседателот на ПФСМ, Александар Маленко.

25-километарскиот маратон во Охрид, ќе биде прв од Ултра гран при серијата во ФИНА оваа сезона. Поради новонастаната ситуација, маратоните се одложени и во Охрид ќе се плива за многу важни бодови за титулата. Слична ситуација има и кај 10-километарската трка од светската серија. Охрид ќе биде втор домаќин. Првата трка се одржа на 15 февруари во Доха, Катар. Победи забележаа Леони Бек (Германија) кај дамите односно Марк Ентони Оливер (Франција) кај момчињата.

За да биде една сезона во пливањето регуларна мора да се одржат најмалку два маратони. Ние имаме среќа две такви финалиња да се одржат во Охрид. Пливачите на 25-километарската трка ќе атакуваат на бодови, кои, сигурно ќе значат многу во трката за титулата додека на 10-километарската трка ќе се одржи вистинско финале. Тој период од 10 дена ќе биде исполнет со многу пливачки возбудувањата од најдобрите светски ѕвезди. – додаде Маленко.

Најверојатно, финалето од 25-километарската Ултра гран при серија ќе се одржи во Капри, Наполи (Италија) на 6 септември откако маратонот во Хрватска се одложи.

На Охридскиот пливачки маратон први низ целта во 2019 година минаа Аксел Рејмонд (Белгија) во машка односно Аличе Франко (Италија) во женска конкуренција. На трката 10-километри од светската серија триумфураа рускиот пливач Кирил Амбросимов и Бразилката Марсела Чуна.

Мх.П.