Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Бул.Туристичка“ (прв дефект); и с.Пештани (втор дефект), информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санациите.

OhridNews