Охридската Билјана 006 потешко од очекувањата го совлада кавадаречкиот состав со 78-71 и стигна до втората победа во домашното првенство, потврдувајќи дека и годинава ќе бидат една од екипите кои ќе се обидат да ја прекината доминацијата на Вигор.


Гостинките од Кавадарци се прикажаа во одлично издание, речи си без грешка го одиграа првиот период кој го добија со 20-17, “белите“ потоа ја превзедоа контролата на случувањата на теренот, а одлучувачката предност ја направија во финишот на третиот период кога со серијата 15-3 направија предност која не гостинките не успеаа да ја стопат.


Благодарение на младинската репрезентативка Василевска која мечот го заврши со 38 поени во финишот кавадрачанки стигнаа на минус три 74-71, но немаа сили за пресврт. Четири кошаркарки во охридскиот тим мечот го завршија со двоцифрен број на поени, а најпрецизна беше Миладиновска со 23.

М.П.