Кошаркарите на АВ Охрид до 18 години го задржаа перфектниот ефект на домашен терен победувајќи ги екипите на Гостивар и на Пелистер.


„Галебите“ прво му го зедоа скалпот на Гостивар совладувајќи го со 72-63 (16-16, 24-16, 17-15, 15-16). Гостиварчани допатуваа како лидери и непоразени, но Охрид го напуштија со наведнати глави и празни раце.

Во вториот меч по многу возбудувања избраниците на Тони Стојаноски славеа над Пелистер со тесни 70-68 (19-22, 18-10, 16-18, 17-18). Охридските младинци во решавачките моменти покажаа повеќе квалитет и заслужено се радуваа победата.


Кошаркаскиот клуб АВ Охрид за младинските категории има обезбедено исти екстра услови како и за сениорскиот колектив кој се натпреварува во Првата лига.

Фото: Архива
OhridNews