Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Романија со 75-56 на вториот меч од кошаркарскиот турнир во Охрид. Избраниците на Александар Џикиќ утре го играат последниот меч од турнирот во Охрид, а противник ќе биде Грузија.
Од 18:00 часот се среќаваат Романија и Австрија, додека од 20:30 часот, Македонија се среќава со Грузија во дуелот на двете досега непоразени репрезентации.