Ракометната репрезентација на Македонија го оствари зацртаниот план пред почетокот на Мундијалот победувајќи на двете воведни средби со Јапонија и Бахреин. После триумфот над Јапонија, избраниците на Раул Гонзалес го „средија“ и Бахреин совладувајќи го со 28-23 (12-8).
„Црвено жолтите“ претпазливо го започнаа мечот и не дозволија да ги понесе еуфорија. Добриот старт им донесе предност 6-2 после десет минути игра. Но потоа неочекувано следеше пад во играта, а бахреинците максимално го искористија и поведоа со 7-6.
Негативата ги „разбуди“ нашите ракометари кои во последните десеттина минути примија само два погодоци, а постигнаа пет за четири позитива на полувремето.
Во второто полувреме разликата на семафорот достигна и до седум голови (21-14), селекторот на Македонија се одлучи да ротира, а противникот успеа да го ублажи поразот.
Најефикасен во нашиот состав беше Кирил Лазаров со осум погодоци, четири реализираа Кузманоски и Манасков, додека по три прецизни беа Попоски и Талески.
Во третата рунда која се игра утре Македонија силите ќе ги одмери со Хрватска.
OhridNews
Фото: Гол.мк