Охридските ракометари продолжија со одлични резултати на подготовките во Црна Гора. Во вториот контролен натпревар, „гладијаторите“ ја забележаа втората победа, совладувајќи го тимот на Партизан Тиват со тесен резултат 24-23.

Охриѓани во поголемиот дел од натпреварот имаа предност од 4-5 голови обезбедена на почетокот од натпреварот. Во финишот од мечот, Охрид се опшути, а домаќините со серија голови го ублажија поразот.

Охрид во првиот контролен натпревар во Црна Гора славеше против Будва, додека во нашата земја, охриѓани подобри беа од Вардар Неготино.

OhridNews