Кошаркарите на ГКК Охрид славеа нова убедлива победа во Втората лига.
Вечерва, КК Ангели – ГКК Охрид 72:85 (18:20, 18:24, 18:15,18:26).
Охриѓани беа подобри во текот на целиот натпревар и заслужено прокнижија нови бодови во првенството.
По победите во воведните две кола ГКК Охрид има можност да ја продолжи позитивната серија, бидејќи во следните два натпревара дома се среќава со Вардар и Борец.
Г.М.