Градскиот кошаркарски клуб Охрид, викендов забележа две победи над Олимпијакос Волу во пријателски средби што се одиграа во Охрид.
На првиот пријателски натпревар одигран во салата „Билјанини извори“, ГКК Охрид славеше со 76 – 72.
Вториот натпревар се одигра со спортската сала на ОУ”Григор Прличев” каде Охрид исто така го совлада Олимпијакос Волу, овој пат со 70-68.
Победите над грчкиот кошаркарски клуб се добра најава за новата сезона на ГКК Охрид која започнува наскоро.
Г.М.