КК АМАК СП – Торус 92 – 62

Со втората победа во исто толку кола кошаркарите на АМАК СП ја потврдија фаворитската улога во Првата Б лига  .Охриѓани на домашен терен во “Јане Сандански“ во Скопје  убедливо го совладаа Торус со 92 : 62. Целата неизвесност околу победникот беше решена во ¼  која домашните ја добија со 29 – 8. Вообичаено најпрецизен на натпреварот беше Богавац кој уфрли 31 поен .

На останатите натпревари Маврово – Леов Ангели  88 : 72 ,Тетекс – Соколи  68 : 79,Астибо – Кожув 73 : 66 .на табелата по две одиграни со максимален ефект се екипите на АМАК Сп  и Соколи. Во наредното трето коло АМАК СП гостуваат во Гевгелија на Кожув .
Второто коло на натпреврите во кошаркарската суперлига помина без изненадувања со победи на водечките екипи,Струмица –  Пелистер 74 : 69 ,Работнички – Вардар 67 : 60 и МЗТ – Фени 84 :82 .

Натпревари се играа и  во женска конкуренција.Кошаркарите на Билјана 006 го одложија натпреварот со Изградба ,во натпреварот кој некогаш беше одлучувачки за титули помеѓу Кимико и Вигор сега Вигорки со резултат за гинис  101: 40 ги совладаа стружанки. Водњански Лисици беа посупешни од Куманово со 64 : 51.Во наредното второ коло Охриѓанки гостуваат кај лидерот Вигор.

Продолжува серијата без победа за Илиндеци
 
Фудбалерите на Илинден поразени се вратија од Скопје на премиерниот натпревар во пролетниот дел од сезоната.Слога Ј го расипа дебито на клупата на Илиндеци на Зоран Ѓорески – Џајо,минималниот пораз стигна од пенал во  75 мин преку Бајрами. Караорман со 1-2 беше поразен на домашен терен од Маџари.без голови завршија натпреарите Металург – Цементарница ,Вардар Д – Скопје и Беласица – Турново,а без победник заврши и дербито помеѓу Тетекс – Милано 1-1

Илинденци по 19 одиграни кола со 9 освоени бода се наоѓаат на днот на табелата,во наредното коло играат против Вардар Д.

Премиерното коло од првата македонска фудбалска лига го одбележа дерби победата на Вардар над Македонија Ѓ.П со 0-2, актуелниот шампион Работнички со петарда го испрати дома испаднатиот Влазрими,Ренова очекувано со 3-0 ја совлада Брегалница,возбудливи 2-2 реми одиграа Башкими –Победа,како и Пелистер – Напредок ,единствениот натпревар без голови го одиграа Силекс и Шкендија .

Од фудбалот уште и веста дека состанокот на УО на ФФМ на кој ке се гласа за доверба на акуелното раководство ке се одржи во Струга во хотелот Дрим . 

Ракометарите на Кл.Охридски одмараа поради настапот на Вардар во Сарево ,а заостанатиот натпревар ке го оиграат во среда.На останатите натпревари фаворитите минаа без проблеми Металург со 34 -19 го совлада Младост,во пелагониското дерби Пелистер Т.К Бренд 26 – 23 и Преспа – В.В Тиквеш 37 – 33.

На реваншот од КПК натпреварувањето  Вардар се посрамоти во Сараево губејки 33-24 со што се прости од натпреваруваето во Европа годинава.

М. ПОстолоски