Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.216 тестирања. Оздравени пациенти и починати лица не се регистрирани, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223, oд кои 17 во Охрид.

OhridNews