Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче. По градови: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово на 60 годишна возраст, хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина 59-годишен пациент од Струга, примен на 16 мај и пациент од Скопје на 51 годишна возраст, хоспитализиран на 4 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, 7 од Скопје и 1 од Прилеп.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.
OhridNews