Пеколен натпреварувачки ритам го очекува охридскиот ракометен клуб во мечевите од плејаут лигата од македонскиот ракометен шампионат.

Ревијата на натпревари, „гладијаторите“ ќе ја започнат во вторник (утре) против Борец на домашен терен, а продолжуваат в среда на гостински терен во Радовиш. Маратонот ќе го завршат викендов кој доаѓа со дербито против Струга во СРЦ „Билјанини Извори“.

Составот на Охрид годинава извиси во трката за плејоф и мечевите од плејаутот се само за престиж и билдање на суперлигашко искуство на младите ракометари кои синоќа го освоија сребрениот медал на завршниот турнир во Младинска конкуренција.

OhridNews